Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

ЕМИТЕР 7-8/2010

Цена: 180 денари

Нарачај

Претплатете се на ЕМИТЕР

За да не трчате по трафики претплатете се на ЕМИТЕР и секој месец новиот број добивајте го дома.
Повеќе информации тука.

Уводник

15 ГОДИНИ ЕМИТЕР

 Со овој број на ЕМИТЕР се навршуваат 15 години од нашето дружење. Првиот број на ЕМИТЕР излезе во август, сега веќе далечната 1995 година. Јубилеј за почит. Јубилеј кој многумина желно го посакуваат, а на малкумина им се остварува. Ретко кое списание во Македонија може да се пофали со 15 години редовно излегување!

Повеќе

Автомобилска техника

Чиптјунинг

 Тјунингот на автомобили се состои од измени и подобрување на особините на многу сегменти на возилото, почнувајќи од моторот, каросеријата, потпирањето, системот за запирање на возилото и сè друго што го сочинува еден автомобил. До пред 2 децении тоа подразбираше многу механички интервенции, но денес голем дел од тјунингот се изведува преку промена на софтверот запишан во автомобилскиот компјутер, па таа активност се нарекува чиптјунинг.

Повеќе

Електроника

Мерења во аудиотехниката (1): Некои основни правила

 Моќност изразена со некоја нула повеќе, потенцирање на неразбирливи параметри дури и за стручната јавност, глорифицирање сосема ирелевантни показатели или прикривање на недостатоците под дебела коприна на незнаење, тоа се познати маркетиншки трикови на потрошувачкото друштво кога се работи за производи од аудиотехниката. Како да се одбраниме од нив?

Повеќе

Електроника

Стереопредзасилувач со ECC83

 Изработениот стереопред-засилувач со ECC83 на слушен тест.Во науката е познато дека кај аудиоуредите изработени со електронски цевки (познати и како електронски ламби) преовладуваат парните хармоници во однос на непарните. Затоа овие предзасилувачи и засилувачи поседуваат таква можност музиката да ја "обојат" со одредена доза на пријатна топлина, која од страна на многу аудиофили е многу обожувана! За да им излезиме во пресрет на нашите читатели обожувачи на "лампашки" звук, изработивме комплетен стереопредзасилувач со ламби, кој целосно е опишан и изработен во овој проект!

Повеќе

Енергетика

Брикети од весници

 Седиме дома и читаме весник. Еднаш кога ќе го исчитаме го ставаме во некое ќоше или в подрум и кога ќе се насоберат доволно весници, следната станица - ѓубре. Но, бидејќи сме еколошки свесни го бараме контејнерот за стара хартија кој честопати не се наоѓа во наша близина. Еве едно решение на овој проблем кое е ем еколошко ем пријателски настроено кон домашниот буџет. Од старите весници може да изработите солиден горивен материјал кој, зависно од бројот на весници со кој располагате, ако за ништо друго ќе ви се најде најмалку за подготовка на ајварот оваа есен :-).

Повеќе

Информатика

RAID(ологија) 2

 Од правилниот избор на RAID поле зависи какви ќе бидат перформансите на системот и дали (и колку) ќе биде оправдана инвестицијата. Во овој број ќе го завршиме прегледот на RAID полињата и ќе продискутираме за правилниот избор на RAID поле, како и начинот на креирање на полињата и некои финеси врзани за нив.

Повеќе

На граница на науката

Нема крај на светот во 2012 година!

Oблик на ракопис од календарот на Маите. Во текстот се спомнуваат датуми десетици години по 2012 г.Повикувајќи се на календарот на Маите, во јавноста се појави застрашувачка информација дека "во 2012 год. ќе се случи крај на светот"! Но, вистинската наука демантира секаква научна основаност на ова пророштво!

Повеќе

Автомобилска техника

Електрично активирана паркирна кочница

 Колку би било добро, наместо рачката од рачната кочница да има некое копче со кое оваа кочница без никаков напор би се активирала. Колку би било добро, на нагорнина, наместо да ги изведуваме врвните возачки вештини за тргнување "под рачна", тоа така автоматски и елегантно да се направи само со едноставно притискање на педалот за "гас" на веќе закочениот автомобил. Колку би било добро, со самото запирање на работата на моторот и извлекувањето на клучот од бравата, паркирната кочница автоматски да си се активира, а деактивацијата да е, исто така, автоматска со самото задвижување на автомобилот. Колку би било добро... Точно така, во право сте: сето погоре споменато е веќе реализирано и засега функционира како сериска опрема во некои од луксузните автомобили. Ќе се запознаеме со EPB и нејзините деривати EHP и elPB.

Повеќе

Астрономија и астронаутика

"Стандарден" модел на нашата галаксија

Нашата галаксија наликува на огромен ротирачки диск со пречник од околу 100000 светлински годиниКолку ѕвезди содржи нашата галаксија? Досега астрономите проценувале дека таа содржи помеѓу 200 и 400 милијарди ѕвезди, но една екипа француски научници, астрономи, извршила "попис" на популацијата во нашата галаксија и констатирала дека таа содржи вкупно 140 ± 10 милијарди ѕвезди од 8 различни типови.

Повеќе

Астрономија и астронаутика

Потрага по живот на екстрасоларна "Земја"

 Спектралната анализа на светлината која се одбива од планетата го открива составот на нејзината атмосфера. Откако астрономите започнале да откриваат карпести екстрасоларни планета тип "супер-Земја", се зголемил нивниот интерес кон мисии за откривање живот на некоја од егзопланетите. Во таа насока тие разработуваат три различни проекти за идентификација на биомаркерите кои упатуваат на постоење на некаков вид животни форми на некоја од егзопланетите.

Повеќе

Аудио и видеотехника

Развојот на аудиото во телевизијата

 Во аудиовизуелните дела присутни се и видеото (сликата) и аудиото (звукот) како неразделни компоненти. Уште од појавата на немиот филм па до денешни дни, сликата и тонот се во постојано "бркање" во борбата за слушатели или за гледачи. Кога филмот беше "нем", се правеа напори да биде озвучен. Кога се појави двоканалното стерео, се правеа напори тоа да стигне и до монофонската ТВ. Филмската индустрија секогаш и "бегаше" на ТВ-индустријата, сä со цел да ги привлече гледачите, купувачите на влезници, и да ги отргне од растечката популарност на телевизијата. Сега сме сведоци на напорите што ги вложуваат радиодифузерите со цел да го задржат вниманието на гледачите. Како што видео-радиодифузијата се поместува од SD кон HD, голем дел од позаинтересираното гледачко тело сака да ги обезбеди и да ужива во квалитетите на surround sound. Сите напори и иновации имаат за цел, квалитетните HDTV сигнали да бидат придружени со квалитетно аудио, стандардите да бидат применливи на што поголем број земји, а компонентата на чинење да биде прифатлива за консументите.

Повеќе

Електроника

Детектор на електромагнетен "смог"

Овој едноставен детектор ќе го открие електромагнетното загадување во вашиот стан.Во дебатата околу можните штетни дејства од ефектите на електромагнетното зрачење во нашата околина, полемичарите се согласни дека тие полиња вие не можете да ги видите или да ги насетите со вашите сетила. Но, ако го изградите едноставниот детектор за електромагнетно зрачење, кој ви го предлагаме во написот, ќе си додадете уште две екстра сетила на постоечките пет, кои веќе ги имате, па сепак ќе можете да ги идентифицирате постоечките електромагнетни полиња во вашето опкружување.

Повеќе

Електроника

Термоелектричен нож за стиропор

 Сечењето со загреана жица во суштина е топење и моментално испарување на стиропорот. Затегната жица од не'рѓосувачки челик (Ni-Cr жица) се загрева со помош на електрична струја на температура од околу 300°C. Со точно усогласена брзина на движење на жицата низ стиропорот и точно определена температура, жицата речиси и да не го допира материјалот кој бргу испарува, па на таков начин го сече. Со сечење на стиропорот може да се издвојат разни облици од него кои можат да се користат за бродо и авиомоделарство, за градежништво, како украси, како наменски облици за амбалажа итн. Во написот ќе биде претставено комплетно решение за сечење на стиропор со електронски уред за нагодување на температурата на грејната жица и нејзината механичка монтажна изведба на статив како нејзин држач.

Повеќе

Електротехника

Заштита на ICT инсталации и опрема од дејствувањата на струјата на атмосферско празнење и на пренапоните (2)

 Темата на оваа статија е да се покажат некои од можните решенија чија цел е максимално намалување на ризикот од оштетување на ICT инсталациите и на опремата на модерните згради од последиците на директното или блиското атмосферско празнење, како и од пренапони предизвикани од дејствувањето на електромагнетниот импулс на атмосферското празнење (LEMP), но и од пренапоните што се резултат од операциите на вклучувања / исклучувања или на дефект на НН и ВН мрежа (SEMP). Во овој дел е објаснето влијанието на електричното напојување врз ICT инсталациите (надворешни и внатрешни влијанија, и координација со технолошко усовршување на одводниците од класа I), како и мерки за намалување на преостанатиот напон.

Повеќе

Електротехника

Дали штедливите електрични светилки се само штедливи?

 Денешново опстојување на Земјината топка е обременето со обидите на човештвото да ги намали причините за глобалното затоплување. Во тие рамки, во земјите на Европската унија во тек е организирано повлекување од пазарот на класичните светилки и нивна замена со штедливите флуоресцентни светилки. Таа акција е започната минатата година и ќе трае до 2016 година. Основното што го знаат обичните луѓе за штедливите светилки е дека даваат повеќе светлина за иста потрошена електрична енергија во однос на вообичаените, класични светилки. Меѓутоа, како и во секоја работа, и овде би било погрешно на нештата да се гледа само од еден аспект.

Повеќе

Информатика

Македонија дел од стратегијата на Касперски

 Минатиот месец во Кабтел дооел Скопје, која е ексклузивен застапник на Касперски за Македонија, се одржа тркалезна маса "Продажба на Kaspersky производите во Македонија". Тоа беше прилика да поразговараме со г. Гари Кондаков директор во Kaspersky Lab за Источна Европа, Средниот Исток и Африка.

Повеќе

Информатика

ACD See 12

 Од едноставен прегледувач до обемна и тешка за употреба алатка – тоа е кусиот опис на историјата на ACDSee во последните десетина години. Најновата, 12-та по ред верзија носи нов интерфејс кој помалку потсетува на ПРО верзијата, но и низа подобрувања.

Повеќе

Информатика

Open Hardware – слободен хардверски свет

Отворена развојна платформа Ардуино.Отворениот хардвер, идеја која е стара колку и идејата за слободниот софтвер е работа која денеска зема сè поголем замав во полето на технологијата. Секој ден се појавуваат нови хардверски и електронски уреди и склопови кои целата своја филозофија ја темелат на отворениот и слободниот хардвер. Во продолжение ќе ставиме акцент на неколку примери за отворен хардвер, како и поврзаноста на отворениот хардвер со слободниот софтвер.

Повеќе

Информатика

Хакери или кракери, бели или црни витези?

 Живееме во дигитален свет каде што точните термини може да направат голема разлика. Верувам дека повеќето од вас ги имате слушнато зборовите "хакер, кракер", но дали го знаете нивното точно значење и нивното потекло? Во оваа статија ќе се потрудиме да ги разјасниме овие поими за да не се случува нивно неточно користење...

Повеќе

Медицина

Матични клетки + калап = вистински заби

 Чувајте ги забите и непцата, одете на редовни стоматолошки контроли и внимавајте на оралната хигиена. Ќе бидете и поубави и посреќни, и што е најважно во подобра здравствена кондиција. Ако пак е доцна за сите овие совети и препораки, не очајувајте! Има и за тоа решение, но нели е подобро да се спречи отколку да се лечи!

Повеќе

Медицина

Нова вакцина против рак?

 Во почетокот на 90-тите, имунологот Едгар Енглеман мислеше дека открил начин за лекување на ракот со помош на вакцина која ги контролира имуните клетки на телото. Во 1992 г. тој дури учествуваше во создавањето на компанијата Дендрион (Dendreon) чија цел беше развој на вакцина, предвидувајќи дека вакцината ќе им биде достапна на пациентите за неколку години. Сега, по 20-тина години на успеси и неуспеси, вакцината за рак на простата на Дендрион наречена Прованж конечно се најде на пазарот.

Повеќе

Фототехника

NIKON SB-600AF

 Електронскиот флеш (блиц) на Никон припаѓа на групата интелигентни блицеви со бројка водилка од 30m/ISO100. Моторизираната флеш глава, можноста за безжично активирање во групи, моќниот широк спектар на светлосно аголно покривање и поддршката за работа во т.н. CLS (Creative Lighting System) мод, како и флексибилноста на движење на светлосниот извор во хоризонтален и вертикален правец и изворот на инфрацрвено светло за подобрено фокусирање, го прават неопходен и незаменлив додаток на осветлување на секој SLR апарат.

Повеќе

Архитектура и градежништво

Материјали за топлинска изолација (2)

 Минерална волна во форма на душек.Освен стиропорот, стаклената и минералната волна се најчесто употребувани материјали за топлинска изолација. И покрај навидум истиот надворешен изглед, двата материјала се разликуваат по нивниот хемиски состав, кој може да биде одлучувачки кој од нив ќе биде применет во некоја градежна конструкција. И другите материјали за топлинска изолација, со помала изолациска моќ, како што се плочите од дрвена волна и "комби" плочите, блоковите од гас-бетон и топлинско-изолациските малтери, можат успешно да се употребуваат, но само во специфични случаи поради нивните специфични карактеристики.

Повеќе

Омнибус

Како ќе живееме по 40 години?

 За да можеме да опстанеме и да живееме како така на нашата планета, ќе мора под итно да се променат многу нешта. Расурси на енергија, вода и храна ќе мора да бараме и во вселената.

Повеќе

Омнибус

Ум кој не познава граници

Кога телото и умот се обратно-пропорционалниСтивен Хокинг е човекот за кој дефинитивно не важи познатата изрека "Во здраво тело, здрав дух". Токму напротив. Во телото кое веќе 4 децении непрекинато изумира живее еден од најоптимистичките духови, најголемите срца на денешнината, генијален ум и пример како умот и свеста можат да бидат посилни од материјалното.

Повеќе

Омнибус

Шест заблуди околу видот

 Дали родителите некогаш ви кажувале дека јадењето моркови ќе ве спаси од носење очила? Или дека седењето премногу близу до телевизорот може да ве ослепи? Одговорот најчесто е да, но што, всушност, е добро, а што лошо за вашите очи? Прочитајте го текстов за да дознаете дали нешто од сето тоа што сте го чуле е вистинито или е дел од современите заблуди за здравјето на очите.

Повеќе

Аудио и видеотехника

Телепромптери

 Телепромптерот е уред за прикажување на текст во електронска форма промптно, инстантно пред лицето кое зборува. Користејќи го овој уред, кој практично претставува слика или табла со текст кој тече, односно се менува паралелно со зборувањето, презентерот е во можност да зборува слободно, без да размислува за содржината, бидејќи истата ја чита. Телепромптерот е спореден, помошен, но во исто време многу битен уред кој влијае на квалитетот на финалниот производ.

Повеќе

Аудио и видеотехника

Мало гуштерче во устата на скриениот змеј

 Ветеранот во аудио индустријата на овие простори, Братислав Зафировски, го презентира најновиот производ на Јамаха, минијатурен преносен снимач на звук со висока резолуција - POCKETRAK C24.

Повеќе

Аудио и видеотехника

3Д холограмски слики

 3Д прикажувањата полека стануваат реалност. Повеќе компании веќе нудат прототипови на уреди кои можат да прикажуваат слики во 3 димензии. Поранешните уреди кои бараа гледачите да носат специјални очила веќе влегуваат во историјата, бидејќи се комплицирани за гледачите. Веќе се развиени уреди кои можат да понудат 3Д приказ без употреба на очила. Компанијата Зебра го овозможува тоа за научни, стручни и бизнис апликации.

Повеќе

Аудио и видеотехника

Професионални аудиоуреди Phonic

Студиски мониторски звучник Phonic P8AНа македонскиот пазар се појави уште една значајна фирма за професионални аудиоуреди - PHONIC. Можеби на помладите генерации името PHONIC не им значи многу, но секој постар и поискусен музичар со голем респект ќе проговори за квалитетот на звукот и за издржливоста на уредите PHONIC. Во овој текст ќе ви претставиме неколку модели од богатата програма на PHONIC.

Повеќе

Биологија

Потеклото на животот

 За потеклото на животот на Земјата постојат две научни теории. Првата ја брани тезата дека органските супстанци на Земјата се "посеани" од метеоритите, кои, како што е утврдено, во својот состав содржат аминокиселини, а втората ја брани тезата за настанок на животот со хемиски процеси на Земјата, впрочем тоа го поткрепи експериментот на Стенли Милер од 1953 год.. Најновите сознанија вклучуваат и вулканска инволвираност во создавањето на животот.

Повеќе

Електроника

Светилка од ЛЕД диоди за мрежен напон

 Дали некогаш ви паднало на ум дека една редица бели LED диоди може да се употребат како мала собна светилка? Ако тоа никогаш не ви паднало на ум, тогаш прочитајте го написов што следува.

Повеќе

Електроника

Светлински прекинувач за флуоресцентна светилка

 Овој склоп функционира како светлински електронски прекинувач, специјално дизајниран за погон на флуоресцентна светилка: нејзино автоматско вклучување при стемнување, и исклучување при разденување. Може да се употреби за автоматско светлинско покривање на разни актуелни надворешни простори, но и како предупредување за евентуален крадец дека станот не е празен во ноќните часови.

Повеќе

Електроника

Едноставен аудиоосцилатор (зујалка)

 Меѓу првите научени правила на секој електроничар-почетник е да внимава на правилно поставување и поврзување на поларизираните електронски компоненти (електролитски кондензатори, диоди, транзистори, тиристори и слично). Неправилното поврзување на одредена електронска компонента може да предизвика неправилна работа на уредот во кој е поврзана или нејзино уништување. Но, понекогаш аномалиите што ги јавуваат погрешно поврзаните електронски компоненти можат да бидат искористени на позитивен начин – на пример, создавање на едноставен аудиоосцилатор со минимален број на компоненти. А со изработка на овој едноставен уред ќе научите нешто повеќе за обичните биполарни транзистори.

Повеќе

Електроника

Школа за електроника: Регистри

 Регистрите претставуваат група флип-флопови, меѓусебно поврзани така што да можат да држат или да паметат претходно внесени податоци, за разлика од бројачите кои генерираат нови податоци. Кружните бројачи можат да се сметаат како специјален вид регистри кои бројат со излез вратен на влезот. На тој начин, податоците содржани во регистарот циркулираат во бројачот сä додека има такт-импулси. Регистрите се користат како мемории со краток временски период, или како уреди за доцнење.

Повеќе

Информатика

Тенкиот ЛЕД на LG

 Употребата на ЛЕД заднинското осветлување и дислоцирањето на напонската единица надвор од куќиштето резултираше со еден од најтенките и најлесни 22-инчни монитори кои во моментов можат да се најдат на пазарот - LG Flatron E2250T-PN.

Повеќе

Информатика

Сексот, градот, пеперутките... и HP mini!

 Што е НЗС на овие четири поими? Е па вака – netbook лаптоп на HP со специфичен дизајн и насликани пеперутки на него, дизајниран од Вивиен Там (чија цела пролетна колекција е во стилот на пеперутките) и кој се појавува во второто продолжение на филмот "Сексот и градот". Јасни сме?

Повеќе

Информатика

ASUS M4A88TD-V EVO/USB3

 Премиерата на првите шестјадрени процесори на АМД беше проследена и со нови модели на матични плочи, поточно со плочи чија основа е AMD 890GX чипсетот. Како што и можеше да се очекува, согласно со досегашната пракса на овој производител, набргу следеа и "варијациите на тема".

Повеќе

Информатика

Како да поврзете PC на HDTV

 Честопати сакате вашиот нов телевизор со висока резолуција да го користите како монитор за вашиот персонален компјутер. За да го реализирате тоа, треба да знаете дека постојат повеќе различни типови на поврзување, па затоа треба да го одберете оној начин со кој ќе постигнете сликата од вашиот PC да биде прикажана на вашиот HD телевизор со најдобар квалитет.

Повеќе

Историја и археологија

Откриено можното потекло на Сумерите

 Човековата цивилизација не започнала со Сумерите – вели Џоан Оутс, археолог од Универзитетот во Кембриџ. Откритивањето на кралски град стар најмалку 4200г.п.н.е. во североисточна Сирија ги поместува почетоците на човековата цивилизација како по време така и по локација, а воедно и нуди можно објаснение за потеклото на Сумерите. Дали Сумерите се остатоци од постара цивилизација, или уништувачи-пљачкаши на истата.

Повеќе

Телекомуникации

Сончевата активност и кусобрановите активности

 Сонцето, нашата најблиска ѕвезда, е масивен емитувач на електромагнетни бранови кои ги преплавуваат планетите од соларниот систем со топлина, ултравиолетово зрачење, како и со наелекризирани атоми – јони. Одамна е познато дека постои директна зависност на сончевата активност и условите за остварување далечни радиокомуникации на кусобрановото фреквентно подрачје (3 – 30 MHz).

Повеќе

Телекомуникации

Иднината на мобилните телефони

 Мобилните телефони во иднина ќе бидат помали, поевтини и со многу повеќе можности. Со нив, на пример, ќе можете да нуркате, да си ја пресметате потрошувачката на електрична енергија и ако го вратите на продажното место за рециклирање да добиете некој денар. А ќе има и мобилни телефони за еднократна употреба направени од хартија.

Повеќе

Психологија

Месечината и понзо илузиите

 Сигурно сте забележале дека Месечината кога е малку над хоризонтот, изгледа многу поголема од истата месечина високо над небото, така што сигурно сте се почувствувале како да можете буквално да отшетате до неа и да ја допрете. Ако ова ви се случило, тогаш сте биле жртва на познатата Месечева илузија. За што, всушност, се работи?

Повеќе

Омнибус

Кратки информации

 Бесмртната медузаБесмртна медуза; Транзит на ISS пред Сонцето; Sapphire Radeon HD5670; Леново во 3Д; Електричен фластер; Биоелектрични транзистори; Една третина од интернет-содржините се порно; Аирлија 7 GHZ!; Македонски форум за електроника, вторпат; Нова интернет-страница на Радиоаматерскиот сојуз на македонија; Прво лансирање на ракетата-носач Фалкон 9; Бифокални електрични очила?!; Атомите на Интел; Проект за нов надзвучен патнички авион; Летна фото школа на тема пејзаж; Потврдена прва фотографија на планета придружник на сонцевидна ѕвезда; HP G5000; Пластика од перја; Сите бои на Сонцето; 20 години Неоком; Една година на СОТА Македонија; На Светскиот куп 2010 во Јужна Африка беа поставени 10 "паркови за фановите"; Умни семафори; NVidia GeForce GTX 460; Тивкото "крчкање" на портокаловото сонце; Прв еколошки хибриден клима-уред; Нов меѓународен јазик – Глобиш; Промоција на Microsoft Office 2010

Повеќе

Писма


Избор на PWM контролер


Компјутерски управуваното лајт-шоу на УСБ-порта?


Прашања за домашниот буба-аларм


Објавете проект за засилувач со ламби

Повеќе

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk