Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka


Имате научен или стручен труд и сакате да го објавите? Имате пронајдок, иновација или сте смислиле некоја нова теорија?
Рубриката Еурека овозможува вашите идеи да дојдат до вистинските луѓе, фирми и институции!

За повеќе информации кликнете тука.

Пронајдоци, иновации и нови теории (1-2/2015)

Биолошки филтер за нитрати

Овој напис дава опис на иновацијата којашто се однесува на биолошкиот филтер за нитрати. Дадени се теоретски објаснувања, постигнатите лабораториски резултати и решение за индустриска примена на филтерот.

Повеќе

Пронајдоци, иновации и нови теории (6-7/2014)

Ирационални хиперстимулативни психомоторни и повратни кортико-перцептивни реакции – причини за малигни болести на човекот

Интелектот, претставува еволутивно највисоко совршена функција и доминантен фактор во повредувањето на човекот и во неговото каузално лекување. Механизмите на повредување се особености на несозреаниот и неискусен интелект. Во таа фаза на развој, во доминантни размери, се наоѓа интелектот на современиот човек. Интелектот поседува способности да создава болни состојби (хронични масовни и малигни болести), но и да ги решава каузално, со физиолошки предодредени методи. Тие се еволутивно предодредени, но современиот човек не ги развил, не ги практикува и тие се привелегија на искусниот и созреан интелект.

Повеќе

Пронајдоци, иновации и нови теории (2/2014)

Апарат за предрециклажна обработка на ПЕТ-амбалажа

Целта на оваа иновација е да понуди начин и постапка со која ефикасно ќе се истретира суровата ПЕТ-амбалажа во предрециклажната обработка, во смисла на драстично намалување на нејзиниот волумен и отстранување на етикетите. При ова, вака компримираната ПЕТ-амбалажа станува многу атрактивна за понатамошна постапка.

Повеќе

Пронајдоци, иновации и нови теории (12/2013)

Џебен пепелник-чибук

На годинешниов интернационален саем МАКИНОВА, еден од златните медали за поронајдок и нови технологии му припадна на Борко Бабаљ, иноватор од Босна и Херцеговина за единствениот и досега непостоечки производ на пазарот "Џебен пепелник – чибук". Кон крајот на септември 2013 година, оваа иновација го освои и златниот медал на саем во Украина, а беше претставена и во Ријад оваа година. За каков иновативен производ станува збор прочитајте на следниве страници.

Повеќе

Научни и стручни трудови (11/2013)

Меѓународните истражувачи на македонскиот фронт

Во овој текст за првпат откриваме дел од историјата на науката во Македонија во текот на Првата светска војна. Кој доаѓал во Македонија, какви истражувања спроведувал и која била нивната цел?

Повеќе

Научни и стручни трудови (2/2013)

Аномална динамика

Во овој текст даден е краток историски преглед и вовед во аномалната динамика во комплексни системи. Претставени се теориските модели за опишување на процесите на аномална дифузија и неекспоненцијална релаксација, како и математичкиот апарат кој се користи во истите. Дадени се величините кои служат за определување на типот на ваквите процеси. Потенцирана е експерименталната потврда на овие процеси и системите коишто можат да се опишат со помош на теориските модели. Презентирани се најновите достигнувања во светската научна литература од оваа област на науката, но и придонесот и значењето на резултатите добиени во нашата земја. На крајот дадени се предизвиците за идните истражувања во оваа област.

Повеќе

Пронајдоци, иновации и нови теории (7-8/2011)

Натстандардни методи на превенција и лекување на зголемен крвен притисок

Цел: Анализа на класичните ставови и тези методите на превенција и лекување на заболени од ХТА/е. Промоција на нови сознанија за етиопатогенезата и нови методи на ефикасна превенција и каузален третман на ХТА/е. Методи: Користени се проспективни испитувања, анализи и процени. Извршена е евалуација на третирани болни од ХТА/е со класичен фармако третман во временски период од 20 години. Користени се материјали од одделението за јавно здравје во Кичево и ПЗУ "Сонце" од Кичево. Анализирани и статистички обработени дијагнози на вкупниот број прегледи на ХТА/е во период од една година во амбулантски услови. Резултати: Синдромот на ХТА/е високо е застапен во популацијата, со преваленција од над 25% кај населението на возраст од над 20 години и учествува со над 35% во бројот на прегледите во амбулантите на примарната здравствена заштита. Се лекува доминантно со класичен фармако третман, по механизми на вазодилататорни, диуретички или седативни дејства. Постојат реални тенденции бројот на заболени од ХТА/е да се зголемува со задржувањето на догматските ставови за класичниот фармако третман и традиционалниот ментален вредносен систем. Заклучок: Класичниот фармако третман доминира во лекувањето на ХТА/е. Општ е заклучокот дека само повремено ги подобрува симптомите на зголемениот крвен притисок и не влијае значајно на етиопатогенетскиот процес на ХТА/е. Воведувањето на каузални методи на превенција и третман претставува неопходна потреба за намалување на здравствените и економските загуби. Метод со потенцијал да ги коригира хиперстимулативните дејства на ирационалните психомоторни комплекси е секундарната интелектуална анализа и објективна и психомоторна релаксација, ХТА/е, хипертензија.

Повеќе

Интервју (4/2011)

Признанието "Најмлад научник за 2010 година" за м-р Никола Златанов

Дваесет и осумгодишниот научник м-р Никола Златанов е добитник на престижната награда "Најмлад научник" за 2010 година, награда востановена лично од Преседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов. Екипата на ЕМИТЕР беше на лице место, во резиденцијата на Претседателот, на самото доделување на оваа награда, а направивме и едно ексклузивно интервју со добитникот на признанието.

Повеќе

Пронајдоци, иновации и нови теории (2/2011)

Засилувач за сабвуфер за 50/60 Hz

Пронајдокот "Засилувач (за сабвуфер) за 50/60 Hz" е засилувач на електрични аудиосигнали наменет за нискотонски звучници (сабвуфери). Конструкцијата на излезниот степен на овој засилувач е слична како и кај секој класичен засилувач, но се разликува во напојувачката секција на засилувачот бидејќи не е потребен еднонасочен напон на напојување, туку синусоиден, односно директен мрежен напон 120 V / 60 Hz. На овој начин не е потребен мрежен трансформатор, ниту електролитски кондензатори, што драстично ги намалува цената и тежината на целиот засилувач.

Повеќе

Пронајдоци, иновации и нови теории (9/2010)

"Полуавтоматски уред за производство на коцки мраз" од Зоран Мијаков

Во 2007 година, на манифестацијата МАКИНОВА, Зоран Мијаков од "Фригомонт" ја изложи својата иновација "Полуавтоматски уред за производство на коцкички мраз". Станува збор за преправка на обичен фрижидер за длабоко замрзнување во кој по преправката едноставно ќе можат да се стават и вадат повеќе калапи мраз, а процесот се комплетира со едноставен уред со грејачи за ослободување на коцкичките мраз. Ценејќи ја оригиналноста на идејата и практичната употребливост на иновацијата, редакцијата на ЕМИТЕР го награди Зоран Мијаков со објавување на неговата иновација во рубриката ЕУРЕКА.

Повеќе

Пронајдоци, иновации и нови теории (5/2010)

Функции на кора на мозок и секундарна интелектуална анализа

Во основата на функционирањето на кората на мозокот се механизмите на: проекции на интерреакциските односи, интелектуални анализи и процени, ординирање на психомоторни реакции, запамтување и потиснување во сферите на потсвеста. Доживеаните интереакциски односи се запамтуваат во форми на перцептивна и интелектуална сознајност. Интелектуална сознајност се формира во рационална и ирационална. Меморизираните и одложени форми на сознајноста се одразуваат на организмот позитивно и заштитно (рационална сознајност) или негативно и повредувачки (ирационална сознајност). Во актуелниот степен на развој, интелектуалната анализа се потиснува и одржува во форми на примарна ирационална анализа. Неокортексот во еволутивното совршенство поседува способност преку функцијата на интелектот за секундарна интелектуална анализа, односно можности за да ги промени значењата на еднаш формираните сознајни комплекси и да ги трансформира во рационални и да го ослободи организмот од неефективните психостимулативни реакции.

Повеќе

Научни и стручни трудови (9/2008)

По трагите на писмото и на јазикот на античките Македонци

Во трудов се презентирани резултатите од истражувањата реализирани во рамките на проектот "Дешифрирање на средниот текст на каменот од Розета". Констатирано е дека за средниот текст на каменот од Розета е користено слоговно писмо од типот согласка-самогласка. Идентификувани се симболи за 27 согласки. Користејќи ја постапката на пресликување и ротација во рамнината на пишување, определен е еднозначен начин за поврзување на симболот за согласка со 4 или со 8 самогласки. Иако ретко употребувани, идентификувани се и симболите за запишување на изолирани самогласки и согласки. Во анализираниот текст, покрај пишувањето на слоговните знаци еден до друг, често се пишувани и еден над друг, во форма на лигатури. Иако во мал број, идентификувани се и неколку пиктографски симболи. Озвучувањето на идентификуваните слоговни знаци, осамени согласки или самогласки и лигатури, е реализирано со користење архаизми од дијалекти на современиот македонски јазик. Во анализираниот текст, кој е пишуван од десно кон лево, без растојание меѓу зборовите и без одвојување на речениците во непрекината низа, идентификувани се повеќе од 260 зборови кои го задржале значењето во некои дијалекти од современиот македонски јазик. Исто така, идентификувани се и одреден број граматички правила кои се препознатливи и во современиот македонски јазик, како што е формирањето суперлатив кај придавките со префиксот нај, множината кај именките со додавката и, појавата на определена и неопределена форма кај именките, машки и женски род кај именките, формирањето на активна и пасивна форма кај определени глаголи и зачестената употреба на предлогот на. Со вака иден-тификуваните слоговни знаци, нивното озвучување и определените правила на пишување, создадена е еднозначна методологија за препознавање одредени зборови и за читање на напишаното. Резултатите од дешифрирањето на средниот текст на каменот од Розета укажуваат на многу повеќе детали кои ги нема во текстот запишан со унцијално (античко-грчко) писмо. Оваа констатација го потврдува сознанието на науката уште од времето на Томас Јанг (1822 година) дека средниот текст е оригиналот. Врз основа на нашите истражувања, ова сознание можеме да го допрецизираме со констатацијата дека декретот на фараонот во средниот текст на каменот од Розета во оригинал е напишан на јазикот на античките Македонци со писмо на живите господари, односно со официјалното писмо и јазик на државата којашто тие ја управувале повеќе од еден век.

Повеќе

Пронајдоци, иновации и нови теории (7-8/2008)

Sponge Comprexpander - Мултилевел енкрипција на податоци

Sponge Comprexpander е програм за симултана компресија и експанзија на податоци. Компрекспанзијата (компресија и експанзија во едно) може да се повторува на повеќе нивоа, односно еднаш компресираниот/експандираниот фајл може дополнително да се компрекспандира и притоа постапката може да се комбинира; да речеме после првата компресија со однос 8x8=>2x2 да се премине на компресија 8x8=>4x4, па нејзините резултати (компресираниот пакет) да се компресирара дополнително со 8x8=>2x2 сооднос. Мултилевел компресијата завршува кога оригиналите ќе се сведат на четири податоци. Borland Delphi имплементација на Sponge Comprexpander – от е дадена на http://dedanoe.googlepages.com/scxdr_2x2_4x4_8x8.zip, а Source Code -от е во Unit1.pas.

Повеќе

Пронајдоци, иновации и нови теории (6/2008)

Унитарната лостова сила како алгебарска средина меѓу четирите фундаментални сили

Едноставниот Архимедов закон за лост може да се прошири во нова, сеопфатна теорија на физиката, која ги обединува сите сили во физиката: гравитацијата, нуклеарната сила и електричната сила во една унитарна сила. Сегашната, Њутнова физика е само делумно точна, а во некои делови е потполно неточна - како, на пример, формулата за гравитациската сила или Кулоновиот закон за електричната сила. Едноставниот лост, односно неговите краци изразени како рамнотежни растојанија, заедно со масите (или електричните полнежи) поставени на двата краја на краците од лостот и силите кои се појавуваат при тоа, се единствените потребни и доволни компоненти за да се обединат сите закони во физиката во една унитарна теорија.

Повеќе

Научни и стручни трудови (5/2008)

Невроинферентен двоножен робот

Во овој труд е изложен автономен инферентен робот изработен со технологии моментално присутни на пазарот. Роботот е управуван од софтвер извршуван на персонален компјутер и на микроуправувач интегриран на него. За решавање на когнитивните проблеми се искористени два типа на решенија со невронски мрежи: feed-forward мрежа која го отсликува однесувањето на роботот и натпреварувачки мрежи кои служат за ненадгледувано учење на бои (класификација). Сознанијата и искуствата добиени од развојот на роботот можат да се искористат во имплементација на практични системи на управување кои побаруваат решенија со користење на вештачки невронски мрежи.

Повеќе

Научни и стручни трудови (4/2008)

Процена на психомоторниот развој кај деца згрижени во институција

Целта на трудот е да се утврди дали постои отстапување во психомоторниот развој кај институционализираните деца во однос на нивните врсници кои живеат во своите биолошки семејства. Во ретроспективно-проспективна, case-control студија се опфатени вкупно 131 доенче, на возраст од 0 до 12 месеци кои во Домот за доенчиња во Битола престојувале во текот на 2005 година. Децата се поделени според возраста на три подгрупи. Првата подгрупа ја сочинуваат 53 доенчиња на возраст од три месеци, втората, 39 доенчиња на возраст од 6 месеци и третата 39 доенчиња на возраст од 12 месеци. Контролната група ја сочинуваат ист број доенчиња кои живеат во своите биолошки семејства. Во трудот се анализирани и 39 доенчиња кои во Домот престојувале континуирано 12 месеци, при што процената на развојот е направена на 3, 6, 9 и 12 месеци. Анализирани параметри се: менталната старост и коефициентот на развој. Овие параметри се пресметувани според оценките за психомоторниот развој на децата според скалата на Griffith's во пет области на развојот: локомоција, адаптација, слух/говор, моторика и постигнувања. Резултатите покажаа висока статистичка разлика во однос на вредностите за менталната старост во сите возрасни групи кои се пониски кај децата кои се институционално згрижени. Вредностите за менталната старост не одговараат со хронолошката старост. Резултатите во однос на коефициентот на развој покажаа повисоки вредности кај испитаниците од контролната група, поради што истите се статистички значајни (p<0,01). Кај децата кои подолго време престојуваат во институција, вредностите на коефициентот на развој имаат тренд на намалување, со зголемување на времетраењето на нивниот престој во институцијата (QD-89,72-83,90-80,07-74,15).

Повеќе

Научни и стручни трудови (3/2008)

Континуирано леење на алуминиумски легури со правоаголен облик

Во трудот е опишано добивање на одливки од алуминиумски легури со континуирано леење во правоаголен кристализатор. Со цел да се скрати досегашната постапка на добивање на правоаголен производ - флах, која се состоеше од леење на легурата во кристализатор со кружен напречен пресек и пресување во баран облик, дојдовме на идеја флахот да се добие со директно леење во кристализатор со правоаголен облик. За таа цел конструиравме нов тип на кристализатор и ги пресметавме оптималните технолошки параметри на процесот на континуирано леење. Од технолошките параметри особено беше важна брзината на леењето на легурата во кристализаторот, а од геометриските параметри - висината и дебелината на ѕидот на кристализаторот. На овој начин, со континуирано леење во кристализатор со правоаголен облик директно се добива флах, а се одбегнуваат неколку последователни операции сврзани со пресувањето. Се разбира, при тоа се остваруваат значителни економски заштеди, се зголемува продуктивноста и се скратува времето на производство.

Повеќе

Научни и стручни трудови (1/2008)

Делузиите како детерминанта на хомицидно однесување кај параноидните растројства

Во Трудот се истражува врската помеѓу делузиите и извршувањето на кривично дело убиство кај лицата со параноидно растројство. Истражувањето е спроведено во Психијатриската болница и Центарот за ментално здравје врз две испитувани групи. Испитувана група од 50 извршители на убиство, кај кои по МКБ 10 е дијагностицирано параноидно растројство и контролна група од 50 лица со параноидни растројства, кои не извршиле кривично дело. Врз двете групи е аплициран структуриран прашалник, во вид на водено клиничко интервју од кој се добиваат податоци за присуството и типот на делузиите, хомицидните мисли, планови и обиди. Резултатите покажуваат најголема застапеност на делузиите на прогонство (68%) и делузии на однос кај извршителите на убиство. Хомицидните мисли, планови и обиди биле присутни пред извршувањето на убиството кај 36 од 50 извршители.

Повеќе

Пронајдоци, иновации и нови теории (1/2008)

Линеарен MOSFET аудиозасилувач на моќност 1000W RMS на 1 ом со високи перформанси

Дали некогаш сте посакале стерео HI-FI засилувач кој можете во секој момент да го претворите во стерео PA засилувач, да приклучите на него преку 24 звучнички кутии и да озвучите кој било простор? Решението е пред вас: нашиот МОСФЕТ засилувач има трајна излезна моќност од преку 1000 вати, може да работи и на оптоварување помало од 1 ом (12 паралелно поврзани звучници од 8 оми), има врвен квалитет, а неговите димензии се само 10х10х10цм !!!

Повеќе

Научни и стручни трудови (11/2007)

Деловна комуникација и презентациски вештини, Како да бидете добар соговорник

Во денешниот свет на брзи промени потребни се вештини за усвојување на нови знаења и технологии, но исто така и нивна практична примена. Добрите комуникациски вештини ќе помогнат да се надминат конфликтите, ефективно да се претстават идеите и проектите. Деловната комуникација е важна за успешно работење на една компанија. Добрите презентациски вештини ќе овозможат подобро претставување и подобрување на имиџот на компанијата. Најчесто успешните луѓе се и успешни говорници, но обратното не мора секогаш да важи. Вештината на говорење, ефективната деловна комуникација и презентациските вештини се дел од секојдневното работење. Овие вештини како и сите други се учат, само е потребна соодветна обука и желба за учење и промена.

Повеќе

Пронајдоци, иновации и нови теории (11/2007)

Архимедовиот лост наспроти Њутновата механика

Во on-line круговите каде се дискутира физика (usenet.sci.physics; physicsforums.com) денес е модерна унификацијата на физиката. Идејата за унитарна физика потекнува од А. Ајнштајн кој последните 30 години од животот ги посветил во потрага по Grand Unification of Physics. По самата суштина, "унитарна физика" подразбира физика составена само од еден општ закон со многу форми кои покриваат различни физички аспекти, наместо постоење на многу специјални закони, секој со свој домен на валидност. За мене таква унификацијата е можна само со пад на целата пост-Њутнова физика и тоа врз база на законот за лост според Архимед, бидејќи ALL EVEN NOTHING IS LEVER.

Повеќе

Научни и стручни трудови (10/2007)

Промена на FLI и DPI под терапија со Hepa-Merz

Целта на оваа студија е да го утврди намалувањето на Доплер ехотомографските параметри (DPI - Doppler Perfusion Index), како и индексите добиени од лабораториските параметри (FLI - Fatty Liver Index), при стеатоза на црниот дроб која е третирана со терапија на Hepa Merz. Во текот на двомесечното испитување беа опфатени вкупно 40 пациенти со стеатоза на црниот дроб, континуирано третирани со Хепа Мерз. Контролната група беше составена исто така од 40 пациенти кои имаа стеатозни промени на црниот дроб, зголемени триглицериди и зголемена трансаминазна активност. Оваа група беше третирана со Табл. Cholipam à 20mg. Групата која беше третирана со монотерапија за првиот месец резултира со пад на индексот на перфузија од 0,31 (0,26 ± 0,12) на 0,27 ± 0,2. Кај пациентите со зголемен BMI имавме значително повисок DPI (p=0,003). Пациентите третирани со дополнителна терапија со Hepa merz за истиот временски период добија пад на DPI индексот на 0,23 ± 0,2. Консеквентно и вредностите на FLI резултираа со пад на вредноста. Според тоа, степенот на замастување на црниот дроб може успешно да биде квантифициран со вредностите на DPI и FLI, како релевантни маркери во континуираното следење на хемодинамските и биохуморалните параметри при стеатоза на црниот дроб, како и континуирано набљудување на нивната промена во текот на различни видови на терапија и уочување на разликите во терапијата.

Повеќе

Пронајдоци, иновации и нови теории (10/2007)

Турбински бродски пропулзатор

Турбинскиот бродски пропулзатор е иновација со која се заменува класичниот бродски погон составен од дизелски мотор, преносник, погонско вратило и елиса со турбински пропулзатор. Како извор за погон за турбината во пропулзаторот би било доставувањето на големи количини на флуид, т.е. воздух од продуктите од гасна турбина стационирана на бродот или вода испумпувана кон турбинскиот пропулзор со специјални пумпи (со соодветните свои параметри: проток и притисок), при што крајниот резултат би бил погонување на пловилото. Исто така, значајно е што оваа иновација може да се примени кај речиси сите видови на пловни објекти.

Повеќе

Пронајдоци, иновации и нови теории (3-4/1996)

Нови типови на електромагнети

Во овој напис ќе ви ги претставам двата нови типови на електромагнети што ги пријавив во Југословенскиот сојузен завод за патенти, во 1989 година. Станува збор за "Електромагнет со перманентни магнети", и "Електромагнет со супрапроводна намотка". Овие патенти во себе имаат важна теоретска новина. Електромагнетот со перманентен магнет е наменет за онаму каде што се бара мала снага, мала потрошувачка на електрична енергија, а голем степен на искористување. Овој електромагнет, за иста потрошувачка на електрична енергија во однос на било кој друг класичен електромагнет дава многу поголема сила на дигање, бидејќи користи дел од енергијата на перманентните магнети. Електромагнетот со супрапроводна намотка е наменет за големи снаги и голем степен на искористеност, а исто така овој тип на електромагнет има појака сила на дигање во однос на класичниот електромагнет, бидејќи користи дел од енергијата од електричната струја што е претходно внесена во суперпроводните намотки. Овде најпрво ќе ви објаснам наједноставно во што е теоретската новина и каде е вишокот на енергија во електромагнетите, а потоа постепено ќе ве воведам во самата конструкција.

Повеќе



Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk