Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

ЕМИТЕР 1/2005

Рубрика: Автомобилска техника

Направи сам картинг (1. дел)

Автори: Томе Скендеровски / Гиго Скендеровски

Нарачај го овој број

ЕМИТЕР 1/2005

ЦЕНА: 130 денари



Додади во кошничка
 Направи сам картинг.Од овој број на ЕМИТЕР започнуваме со објавување на серија написи и цртежи според кои секој кој поседува основни знаења од машинството и има сопствена работилница со релативно скромен алат, а во соработка со подобро опремена металостругарска работилница, каде што ќе бидат изработени деловите според работилнички цртежи, ќе може да го направи картингот ТоГи 1 кој би се користел за забава и рекреација.
Во овој, прв дел од серијалот накратко ќе биде прикажан историјатот на картингот, потоа ќе биде претставен веќе изработениот картинг за да се има претстава како би изгледало она што треба да се направи и на крај ќе биде објаснета изработката на шасијата и браниците. Основа за изработката на шасијата и браниците (а и за секој нареден склоп кој ќе следува) ќе бидат соодветните цртежи, кои ќе ги има како прилог на ЕМИТЕР.

Без сомнение, гледано во светски рамки, најмасовен автомобилски спорт, а во таа смисла, и спорт кој има најмногу поклоници е картингот. Под поимот картинг се подразбира (во изворна смисла на зборот) мало друмско возило со четири тркала, наменето за едно лице, без амортизација, диференцијал и кабина, направено од лесно достапни материјали и склопови кое е способно само да се движи. Во суштина, картингот е едноставно, сурово и спартанско возило, опремено со што е можно поедноставни механизми, меѓутоа, направено така да ги задоволи законите на механиката. Почетоците датираат од 1956 година кога во Соединетите Американски Држави како пазарен вишок се имаат појавено илјадници двотактни мотори...
Проблематиката околу самоградбата на картингот ќе биде претставена во четири одделни написи , богато илустрирани со фотографии кои ги имаат направено авторите изработувајќи го прототипот, а во секој ЕМИТЕР ќе има и додаток во кој ќе се најде техничката документација на оној дел (склоп/склопови) од картингот кој ќе биде предмет на објаснување за изработка во тој број на списанието.
Целата техничка документација содржи 11 склопови, а од секој склопен цртеж произлегуваат и соодветните делови кои се прикажани во форма на работилнички (детални) цртежи кои се сосема доволни за да се изработи делот во металостругарска работилница. Потребните податоци за изработката на делот ќе бидат прикажани на или до самиот дел. Склоповите се означени со големите букви од латинската азбука (Цртеж A, Цртеж B, Цртеж C, …) а деловите (позициите) соодветно: A1, A2, …; B1, B2, …; C1, C2, …. Техничката документација која ќе оди како прилог во соодветниот број на ЕМИТЕР ќе биде на еден или два табаци со А3 формат. Поради полесно и попрецизно повикување на соодветната страница од табакот, секоја страница ќе биде именувана како: страница 1, страница 2 и така сè до страница 12.

Клучни зборови:
картинг, go–kart, направи сам картинг, West Bend – 2.5KS, шасија, самоградба

Технички карактеристики:

Вид на возило: Картинг или “go–kart”
Официјално име: ТоГи 1 (кованица од имињата на авторите)
Намена: За забава и рекреација
Димензии (д х ш х в): 1700 x 1250 x 600 mm
Маса: cca 95 kg (без возачот)
Максимална брзина: cca 35 km/h (на хоризонтална делница)
Предни тркала: Ø180 x 100 mm (нанесена гума на челичен наплаток)
Задни тркала: Ø240 x 150 mm (нанесена гума на челичен наплаток)
Сопирачка: Хидраулична / диск (од АМИ 8 или Дијана 6)
Мотор (зафатнина / силина): 50 cm3 / cca 3 kW (двотактен, ТОМОС – Копер)
Преносник / спојка: Автоматски, двостепен / центрифугална
Пренос на силина: Ланец
Ланчанест преносен однос: i = 0,88 (мултипликација)

Главни елементи и материјали:

Дебелоѕидна шавна цевка со Ø 25mm
Тркалачко лежиште од Југо - Ø30 x Ø60 x 37
Тркалачко лежиште Ø20 x Ø47 x 14
Тркалачко лежиште Ø15 x Ø35 x 11
Зглоб со лев навој
Зглоб со десен навој
Ланчаник од мопед Томос Автоматик
Мотор 50cm3 од мопед Томос Автоматик
Шепа за предна кочница од Ситроен АМИ 8 или Дијана 6
Пумпа за кочница од Ситроен АМИ 8

Датотеки за преземање:

На првата проба сè беше според очекувањата:
ToGi_1_filmce_04.mov
Плакатот за Макинова 2004:
Plakatot_za_Makinova2004.pdf

* најавете се за да можете да ги преземете датотеките

 Направи сам картинг.

Направи сам картинг.

 Дел од тимот.

Дел од тимот.

 Прв мајстор - Томе Скендеровски

Прв мајстор - Томе Скендеровски

 Втор мајстор - Гиго Скендеровски

Втор мајстор - Гиго Скендеровски

 Детаљ - задно влежиштување

Детаљ - задно влежиштување

 Детаљ - погон на главниот сопирачки цилиндар

Детаљ - погон на главниот сопирачки цилиндар

 Комплетен носач за предното тркало

Комплетен носач за предното тркало

 Проектот содржи и многу вакви табели

Проектот содржи и многу вакви табели

________________________________________________________________________________

Картингот изработен од учениците на СОУ "Гошо Викентиев“ од Кочани. Повеќе во ЕМИТЕР број 6/2011.

Картингот изработен од учениците на СОУ "Гошо Викентиев“ од Кочани. Повеќе во ЕМИТЕР број 6/2011.

Овој напис во целост е објавен во ЕМИТЕР 1/2005. Нарачајте го бројот тука.


Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk