Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

ЕМИТЕР 2/2000

Рубрика: Електроника

ESR-метар

Автор: Петар Аврамовски

Нарачај го овој број

ЕМИТЕР 2/2000

ЦЕНА: 100 денари



Додади во кошничка
ESR метарот е изработен како додаток на класичен аналоген унимерДолго време љубоморно чуваната електрична шема за испитување на електролитски кондензатори, конечно и на страниците на ЕМИТЕР.
ESR-метар, претставува електронски инструмент за мерење на степенот на исушеност (свежината) на електролитската течност во електролитските кондензатори, без дислокација на испитуваната компонента од печатената плочка.

Еден од најважните параметри на кондензаторите (особено на електролитските) е еквивалентната сериска отпорност, која се означува со Rs или ESR (Equivalent Series Resistance). Од вредноста на сериската отпорност Rs, можеме на индиректен начин да донесеме заклучок за "свежината" на електролитската течност. Колку вредноста на оваа отпорност е помала, електролитската течност е посвежа. Растењето на вредноста на оваа отпорност е условена од електролитската течност која почнала да испарува, т.е. да се суши.
Порастот на вредноста на сериската отпорност Rs на електролитскиот кондензатор, при губиток на свежината на неговата електролитска течност, резултира со компромитирана работа на многу електронски кола. Таквиот електролитски кондензатор и покрај задржаниот номинален капацитет мора да се замени, а оваа аномалија може да се регистрира само со ESR-метарот. Нашиот ESR-метар тоа испитување го прави "on board" т.е. без одлемување на испитуваниот електролитски кондензатор и без влијание на околните компоненти. Ова е реализирано на индиректен начин, мерејќи ја сериската отпорност Rs помеѓу металното куќиште на електролитскиот кондензатор и самиот електролит. При тоа, капацитивната импеданса Xc се занемарува, т.е. има тенденција кон вредноста нула, заради високата фреквенција на испитниот напонски сигнал (50kHz) со кој се остварува мерењето.
ESR-метарот е изграден од неколку функционални единици, кои функционираат во взаемна целина:
1. Осцилатор на напон со синусен напонски облик и фреквенција од 50kHz.
2. Тростепен напонски засилувач реализиран.
3. Интегратор и "peak to peak" детектор со струен засилувач.
4. Индикаторски инструмент, микроамперметар со струја на максимален отклон од 500µA.
Искуството при мерење на свежината на електролитите се стекнува во подолг временски период со компарирање на нови, свежи кондензатори со постари и користени. Не заборавете дека традиционалните C-метри немаат таква популарност во сервисите како ESR-метарот. Тоа произлегува од фактот дека вистинскиот проблем со електролитите не е во промената на капацитетот туку во промената на ESR параметарот. Само 1% од неправилностите на електролитските кондензатори се истекувањето на електролитот и краткоспојувањето. И двете промени се предизвикани од пренапонски промени или механички оштетувања од соседните изгорени компоненти. Останатите 99% од неправилностите на електролитските кондензатори се откриваат со ESR-метар.
Прикажаниот ESR метар може успешно да се користи "in circuit, on board", т.е. без одлемување на испитуваниот електролитски кондензатор, поради тоа што отпорноста на околните компоненти е поголема во споредба со отпорноста на нормалните ESR вредности на електролитот, а со тоа и нема влијание на испитувањето. Околните PN споеви исто така немаат влијание во текот на испитувањето, поради малиот испитен напон од само 25mVpp на испитните краеви, кој не е доволен да ги доведе во спроводна состојба. Испитните краеви на ESR-метарот не се поларизирани, па затоа не е потребно да се внимава на поларитетот на испитуваниот кондензатор.
Изградете го овој сервисен инструмент според проектот презентиран на овие страници и уверете се самите во неговата огромна употребна вредност.

Клучни зборови:
ESR, ESR-метар, електролитски кондензатор, сериска отпорност, аналоген, инструмент

Технички карактеристики:

Испитна фреквенција: 50 kHz
Испитен напон: 25 mVpp
Мерен опсег: 0,2...100 omi
Можност за мерење без одлемување
Напојување: 3 V батерија

Главни елементи и материјали:

Плочка: ППК609
Плочка: ППК610
ИК: LM324N;
Диоди: 1N34A;
Индикатор: 500µA

ESR метарот е изработен како додаток на класичен аналоген унимер

ESR метарот е изработен како додаток на класичен аналоген унимер

 Внатрешноста на изработениот ESR метар

Внатрешноста на изработениот ESR метар





________________________________________________________________________________

ESR метарот изработен од нашиот читател Зоран Стефановски е сместен во куќиште од стар аналоген инструмент од Искра

ESR метарот изработен од нашиот читател Зоран Стефановски е сместен во куќиште од стар аналоген инструмент од Искра

Поглед во внатрешноста на ESR метарот изработен од нашиот читател Зоран Стефановски

Поглед во внатрешноста на ESR метарот изработен од нашиот читател Зоран Стефановски

ESR метарот изработен од нашиот читател Сашо Филиповски од Битола

ESR метарот изработен од нашиот читател Сашо Филиповски од Битола

ESR метарот изработен од нашиот читател Сашо Филиповски од Битола

ESR метарот изработен од нашиот читател Сашо Филиповски од Битола

Овој напис во целост е објавен во ЕМИТЕР 2/2000. Нарачајте го бројот тука.


Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk