Емитер - Списание за наука и техника Емитер - Списание за наука и техника

-

::Импресум ::Претплата ::Услуги ::Маркетинг ::Соработка ::Контакт

Пребарување:
Најава:
Email: Лозинка: Регистрирај се

E-Prodavnica

OnlineBroj

Sorabotka

ЕМИТЕР 3/2012

Рубрика: Електроника

Електронски регулатор за мини дупчалка

Автор: Петар Аврамовски

Нарачај го овој број

ЕМИТЕР 3/2012

ЦЕНА: 130 денари



Додади во кошничка
 Изработениот прототип во погонЗа да се подобрат квалитетот и прецизноста на дупчењето на ППК, потребна е столбна дупчалка со автоматска електронска регулација на бројот на вртежите. Ако сакаме да конструираме добар електронски регулатор на моќноста и на бројот на вртежите на еднонасочен мотор, потребно е при пресметувањето да ги земеме во предвид внатрешната отпорност на електромоторот, напонот на неговата контра-електромоторна сила и струјата која протекува низ него. Само на тој начин може да се зачува јачината на вртливиот момент, т.е. моќноста на дупчалката при намалениот број на вртежи.

Електронскиот регулатор го направив за мојата минијатурна дупчалка Minilor Perceuse, која има работен напон 9-18V, внатрешна отпорност од 20 оми и номинална моќност од 20W. Максималниот број на вртежи, кој го достигнува дупчалката при максимално дозволениот напон, изнесува 18 000 вртежи во минута. Регулаторот може да се користи за голем број типови електрични дупчалки со еднонасочен работен напон 6 – 20 V и моќност до 40 W.
Во текот на дупчењето на ППК, при оптоварувањето се забележува дека бројот на вртежите на електричната дупчалка се намалува, па во краен случај машината може и да застане. Ова е повеќе изразено кога прецизно сакаме да издупчиме некоја дупка при помал број на вртежи.
Долго време електричната дупчалка ја напојував преку стабилизиран извор на еднонасочен напон, со континуирана промена на напонот од 0 до 30 V и струјата од 50 до 3000 mA (Емитер 7-8/1996, http://www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=3802) или со стабилизираниот извор на еднонасочен напон, со континуирана промена на напонот 0–25V и струјата 0,5–2,5A, кој го користам надвор од домот како полесен за пренос (Емитер 4/2000, http://www.emiter.com.mk/poveke.php?napis_id=2843).
Во моментот кога вртежите на машинчето "омалаксуваа", јас мануелно "додавав" понекој волт со потенциометарот за промена на напонот. Потоа, кога оптоварувањето ќе се намалеше, пак рачно го враќав напонот на напојување на првобитната (помала) вредност, со истиот потенциометар. На контролните инструменти од стабилизираниот извор на напон, секогаш кога ќе се зголеми оптоварувањето на моторот се отчитува пораст на струјата низ електричниот мотор и аудиовизуелно се забележува дека звукот и брзината на вртење на моторчето се промениле.
За да го избегнам постојаното рачно нагодување, одлучив да направам автоматски: електронски регулатор кој ќе ги следи напонот на контра-електромоторната сила (Ucemf) на моторот и електричната струја низ (I) него. На ваков начин може во секој момент автоматски да се контролира силата на моторот која е зададена со равенството: P = I • Ucemf

Главни елементи и материјали:

Плочка: ППК1210
ИК: IL723M
Транзистор: BD243C

Датотеки за преземање:

Дупчење без регулатор:
EMITER_3-12_Regulator_Za_Dupcalka_1.3gp
Дупчење со регулатор:
EMITER_3-12_Regulator_Za_Dupcalka_2.3gp

* најавете се за да можете да ги преземете датотеките

 Изработениот прототип во погон

Изработениот прототип во погон

Почеток на монтажата на елементите на ППК

Почеток на монтажата на елементите на ППК

 ППК со залемени елементи

ППК со залемени елементи


 Двете верзии од електронскиот регулатор за мини-дупчалка

Двете верзии од електронскиот регулатор за мини-дупчалка


________________________________________________________________________________

Регулаторот за мини-дупчалка изработен од Марјан Штркоски од Битола

Регулаторот за мини-дупчалка изработен од Марјан Штркоски од Битола

Внатрешноста од регулаторот за мини-дупчалка изработен од Марјан Штркоски од Битола

Внатрешноста од регулаторот за мини-дупчалка изработен од Марјан Штркоски од Битола

Овој напис во целост е објавен во ЕМИТЕР 3/2012. Нарачајте го бројот тука.


Euroimpex

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kabtel

Overnet

Alfaaudio

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

www.loging.mk

www.fitr.mk

Pretplata

GoEnglishMak

Tehnik Servis

Astronomija

365.com.mk

webparking.com.mk